Од овој септември... Нова, поинаква стрип серија... Драги стрип пријатели, На наше огромно задоволство ви го претставуваме новиот стрип серијал на македонски јазик - ДРАГОНЕРО, најновата долгорочна серија од италијанската издавачка куќа Серџо Бонели Едиторе (јуни 2013), прва од жанрот Епска Фантастика, приказна создадена од авторите Luca Enoch и Stefano Vietti. Кој е Драгонеро? Иан Аранил, главниот лик во серијата, е поранешен кралски извидник кој живее во кралството Ерондар, припадник на древната лоза "Ловци на змејови". Кралството Ерондар се простира на територија колку и контитентална Европа и низ него поминуваат големи пловни реки прекриени со густи шуми во кои живеат шумски виленици, опкружен со безбројни архипелази со кои се одвива трговија со секаква трговска стока преку големиот број пристанишни градови на југот. На север од Кралството се наоѓа Земјата на змејовите, непрегледна тундра населена со мрачни суштества без ништо човечко во нив наречени Алгенти и џиновите Абоними. Долж северната граница на Кралството се протега Големиот бедем, кој го одвојува од Земјата на змејовите, подигнат уште од древните времиња поради заштита од нападите на Алгентите. На исток и на запад се наоѓаат бројни независни територи и провинции, номадски сатрапии населени со варвари, разбојници и криумчари. Овде започнува авантурата на Иан Аранил, во придружба на неговиот верен пријател оркот Гмор, кој го напушта кланот на орките и заедно со Иан живее во Солиан, главниот град на една од четирите Републики. Дружината на Иан ја сочинуваат и неговата сестра Мирва Аранил, припадник на редот на "технократите", застапници на науката, виленичката Сера, која исто така го напушта својот народ - шумските виленици кои живеат во хармонија со природата, храбрата технократка Ксара и стариот волшебник Албен, последниот претставник на Магиското братство "Чувари на светлината"... Овде го завршуваме овој прв вовед во новиот стрип серијал.
Драги стрип пријатели, Ви го претставуваме првиот број од стрип серијалот #Драгонеро на македонски јазик, најновиот стрип херој од издавачката куќа Серџо Бонели Едиторе, за прв пат надвор од Италија после неговата премиера во јуни 2013 год. #Драгонеро бр.1 Наслов: „Крвта на змејот“ Текст: Luca Enoch и Stefano Vietti Илустрација: Giuseppe Matteoni Во продажба од вторник, 09.09.2014 год.
Во вториот број на стрип серијата Драгонеро... После мисијата во Баиџадан, Иан, Мирва, Сера и Гмор се упатуваат кон југоисточните брегови на големото море Еоланисур, за да побараат совет од нивниот пријател, волшебникот Албен, во врска со криумчарењето на една пратка со оружје. Истовремено, Иан го продолжува раскажувањето на својата авантура, кога пред шест години, заедно со кралскиот офицер Каил и храбрата технократка Ксара, ја извршуваа нивната мисија во земјата на Маркгрофот Горан Моравик, обидувајќи се да ја откријат тајната лабораторија во која се произведува новото оружје наречено "огнена кал"...